Руски разурнувач и подморница испукаа четири крстосувачки проектили врз ИСИС во Палмира

0
318

Руски воен разурнувач и подморница испукаа четири крстосувачки проектили од Средоземно Море врз цели на Исламска држава, пренесува Ројтерс.

Цели биле воена опрема и населби под контрола на милитантите на ИСИС во близина на сирискиот град Палмира, соопшти руското министерство за одбрана.

Пред нападот со крстосувачките проектили, Русија се координирала со САД, Турција и Израел, се додава во соопштението на руското министерство.