Руски Су-24 соборен над Сирија, не го нарушил турскиот простор

0
594

Руски борбен авион Су-24 е соборен во Сирија, соопшти рускиот министер за одбрана, додавајќи дека авионот не го нарушил турскиот воздушен простор и летал на висина од 6.000 метри.

Пилотите успеале да се катапултираат од погодениот авион, соопшти министерството, но нивната судбина сè уште е непозната, пренесе Раша тудеј.

Турската телевизија Хабертурк покажа снимка на која се гледа авионот во пламен. Новинарот на телевизијата, кој е на местото на падот, рекол дека авионот „се претворил во огнена топка“. Голем број корисници коментираа на социјалните мрежи велејќи дека од урнатиот авион се крева голем чад.