Руски телевизии случајно откриле нацрт на тајно руско торпедо за време на говор на Путин

0
350

Кремљ денес потврди дека по грешка биле објавени тајни податоци кога неколку руски телевизии објавиле фотографија од нацрт на нуклеарно торпедо, наменето за крајбрежна борба против непријателот, јавуваат руските медиуми.

За време на состанок на претседателот на Русија Владимир Путин со офицери во Сочи, на кој се разговарало за развојот на руските воени потенцијали, неколку телевизиски екипи биле во можност да го „фатат“ во кадар документот, кој не бил за објавување.

Презентацијата на скицата на новата нуклеарна подморница покажува дека таа е дизајнирана да ги избегне радарите на НАТО и сите системи за противракетна одбрана, како и да предизвика штета на електронските објекти на непријателскиот брег.

Во фуснотата е напишано дека детонација на радиоактивно торпедо би предизвикало контаминација на голема област, што би обезбедило таа да не се користи за воени, економски и други активности подолго време.

Според нејасните информации на слајдот, торпедото е означено како самоодно подводно возило со радиус на движење од 1.000 километри и функционирање на длабочина од 1.000 метри.