Руски товарен авион се урна во Јужен Судан, најмалку 40 лица загинаа

0
200
Најмалку 41 лице загина кога во близина на аеродромот во Џуби, главниот град на Јужен Судан по полетувањето се урна руски транспортен авион Антонов. Меѓу загинатите се 12 членови на екипажот, патници и жители во близина на аеродромот.
Властите во Јужен Судан соопштија дека само две лица преживеале, меѓу кои и дете. Според Раша тудеј во авионот се наоѓале и петмина Руси.