Рускиот авион е срушен со бомба

0
612

Црната кутија укажува дека рускиот авион Ербас А-321 е соборен со бомба.

Европски експерти кои учествуваат во истрагата за уривањето на авионот над Египет, се децидни дека не се работи за несреќен случај.

Експертите објавија дека снимките од пилотската кабина на авионот укажуваат дека не се работи за несреќен случај и во почетната фаза на летот немало никаков дефект.

Нивните верувања дека во авионот имало бомба ги засилува и тоа што во првитр 24 минути во авионот се било во ред, а потоа во дел од секунда дошло до прекин и немало никаков разговор во пилотската кабина.

Има неколку теории за тоа кој и како ја вметнал бомбата.

Една е дека вработен во аеродромот учевствувал во поставувањето на бомбата и тој ја внел во багажот, како што пишува „Франс 2″.

„Дејли меил” пак се сомнева во големите пропусти на аеродромското обезбедување, кој незнаејќи би можеле да го пуштат некој да ја постави бомбата.

Можно е експлозивот да е внесен во течна состојба, бидејќи според кажувањата на туристите, во авионот можело лесно да се внесат шишиња со течности.

Сомневајќи се во сево ова, рускиот претседател Владимир Путин се согласи со препораките на Федералната служба за безбедност да се прекине воздушниот сообраќај со Египет додека не бидат разјаснети причините за несреќата.

Без коментари

LEAVE A REPLY