Руските авиони во Србија се закана, а не војската на Косово

0
637

Претседателот на Косово, Хашим Тачи оцени дека закана за земјите во регионот претставуваат руските војници и руските авиони во Србија, а не трансформацијата на безбедносните сили во војска на Косово, која патем никој не може да ја спречи, пишуваат денеска косовските медиуми.

„Косово е суверена држава и како и секоја независна држава има право на своја војска, а тоа ќе се случи оваа година“, рече Тачи, додавајќи дека тие мултиетнички сили ќе бидат обучени во согласност со стандардите на НАТО, пишува весникот Лајм.

„Единствената опасност се руските воени сили и руските авиони во Србија“, рече Тачи.

Тој додаде дека Косово е член на различни светски меѓународни, политички, економски и спортски организации, „а секој ден има се повеќе и повеќе влијание и во однос на меѓународната заедница“.

Тачи рече дека очекува дека Русија ќе ја промени својата позиција и ќе направи чекори кон признавање на Косово, а со тоа ќе го отвори патот за Косово да стане полноправна членка на ОН.

„Тоа ќе биде во интерес на Србија, бидејќи Србија ќе биде ослободена од тежок товар, а тоа е митот за Косово“, рече Тачи.

Почетна