Руските авиони жестоко удрија по позициите на бунтовниците во пресрет на примирјето

0
400

Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека руските авиони жестоко ги бомбардирале позициите на бунтовниците во Сирија.

„Од минатата ноќ до утрово, руските воздушни напади беа поинтензивни од вообичаеното“, изјави шефот на сириската опсерваторија, Рами Абдел Рахман.

 Тој додаде дека биле бомбардирани позициите на бунтовниците источно од Дамаск, како и во северниот дел на провинцијата Хомс, пренесе Франс прес.

Вечерва на полноќ по локално време во Сирија стапува во сила договорот за прекин на непријателствата, кој го усогласија САД и Русија.

www.mkd.mk