Руските напади во Сирија само ја јакнат Исламска држава

0
1548

Соединетите Американски Држави продолжуваат да ги критикуваат руските воени напади во Сирија, овојпат предупредувајќи дека Русија само ги јакне милитантите на Исламска држава, дека убива десетици цивили, присилува десетици илјади луѓе на  бегство и уништува школи и пазари, јавува Ројтерс.

За време на состанокот на Советот за безбедност на Обединетите нации, американската амбасадорка во ОН Саманта Пауерс се повикала на анализа на Ројтерс на податоците на руското министерство за одбрана која покажала дека 80 отсто од руските цели во Сирија се во области каде што нема џихадисти на Исламска држава.

„Напаѓајќи ги неекстремните групи, Русија, спротивно на очекувањата, ја зголеми силата на Исламска држава, која ја искорсти кампањата заземајќи нови области во покраината Алепо“, кажала Пауерс, без да даде докази за тоа.

„Откако Русија почна со нападите, сириската мапа се смени во корист на Исламска држава“, додала американската амбасадорка.

Сириската војска во меѓувреме води голема офанзива, со поддршка од борци од Иран и либански Хезболах, на западот и северозападот на земјата.

Пауер тврди дека таа офанзива, според податоците на ОН, натерала 85.000 луѓе на напуштање на своите домови. во руските напади наводно загинале најмалку 100 цивили и била уништена цивилна инфраструктура, вклучувајќи училишта и пазари, тврдат сириски прозападни невладини организации.