Руските санкции само ќе ги продлабочат проблемите

0
324

Санкциите што Русија вчера ги воведе кон Турција, само дополнително ќе ги продлабочат проблемите што постојат меѓу двете земји, оцени турската Влада во првата реакција на одлуката на Москва за воведување „специјални економски мерки“ против Анкара.

– Ваквите санкции ќе им наштетат на нашите односи. Таквите постапки не го олеснуваат проблемот, туки напротив го отежнуваат, изјави неименуван висок претставник на турската Влада.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера потпиша указ за воведување „специјални економски мерки“ против Турција, со кои, како што јави ТАСС, се предвидуваат серија санкции кон Анкара

Со „специјалните економски мерки“, се воведува времена забрана за увоз не повеќе стоки од Турција во Русија и се забрануваат или ограничуваат активности на турски фирми и организации на руска територија.

Без коментари

LEAVE A REPLY