Руските воени авиони во Сирија добија противавионски проектили воздух-воздух

0
368

Руските повеќенаменски бомбардери Су-34, дополнително опремени со проектили воздух-воздух, почнаа да извршуваат мисии над Сирија, изјави Игор Климов, портпарол на руското воено воздухопловство.

„Денес руските ловци-бомбардери Су-34 ги спроведоа своите први летови опремени не само со високоекспплозивни бомби, туку и со проектили воздух-воздух со краток и среден дострел“, изјави Климов. „Авионите ги добија овие проектили за одбранбени цели“.

Проектилите имаат топлинско наведување и „можат да погодуваат цели во радиус од 60 километри“, додаде тој.