Руските воздухопловни сили погодиле 10 цели на ИСИС во Сирија во последните 24 часа

0
190

Руските воени авиони нападнале 10 цели на Исламска држава во Сирија во своите најнови воздушни напади, уништувајќи магацини со оружје, центри за обука и инфраструктура, соопшти руското Министерство за одбрана. Во последните 24 часа руските воени авиони извршиле 20 лета.

Оклопните борбени авиони за копнена поддршка сухој СУ-25 нападнале и џихадистички тренинг-центар во провинцијата Идлиб, уништувајќи работилница за производство на самоубиствени појаси, според новообјавениот извештај на Министерството за одбрана.

Министерството објави неколку видеа, за кои вели дека покажуваат како руските воздухопловни сили ги напаѓаат терористичките објекти.