с.Оптичари жртви на град со големина на орев

0
2629

Уништени пиперки, уништен бостан, уништена пченка, уништен сончоглед, уништен тутун.

piperka 1Ваква беше сликата денеска на градинарските и индустриските култури по синоќешното невреме проследено со врнежи од дожд и град кое што го зафати с.Оптичари. Жителите велат дека градот бил со големина на орев, и дека вакво нешто досега не виделе во изминатите четири до пет децении

domat 2

-Многу години сум производител на домати, и овај град кој што вчера паѓаше во нашето село униште буквално се. Работата која што досега ја работевме на нивите нема да ни се исплати. Родот е 100% уништен. Вакво нешто досега не сум видел, изјави Ѓорѓи Груевски од с.Оптичари

 

domat osteten

 

-Се ни е уништено, нема да имаме никаков род. Градот беше со големина на орев, но толку врнеше силно и се наврати на два три пати, што уништи се за околу половина час, изјави Васко Поповски, од с.Оптичари

tutun 2

 

Велат дека родот 100% им бил уништен, а неможат да добијат и обештетување бидејќи посевите не им биле осигурани

soncogled

-Не ни е ништо осигурано за да добиеме оштета од која што ќе можеме да ги надоместиме загубите, додава Поповски

lubenica

Штетите од невремето ги пријавиле до надлежните институции во општина Битола

grozje 2

Од 2008 година со одлука на тогашната влада беше укината потребата од против градобина одбрана. Причина за укинувањето на градобините ракети во таа 2008 година е мислењето дека тие не ги заштитуваат посевите, напротив предизвикуваат штети, поттикнувајќи пожари, експлозии, а понекогаш и со човечки жртви.

На земјоделците им се препорачува да ги осигуруваат посевите или да ги заштитуваат со наменски мрежи како што тоа се прави во Франција и Шпанија.