САД бара Косово да го усвои законот за Специјален суд

0
143

САД го предупреди Косово веднаш да го донесе законот за формирање на Специјалниот суд, порачувајќи дека во спротивно проблемот ќе се најде пред организацијата на ОН.

Американската амбасадорка во Косово, Трејси Ен Јакобсон ги повика лидерите на косовските партии веднаш да превземат активности за усвојување на уставните амандмани за формирање на Специјалниот суд.

Таа според косовските медиуми ги предупредила лидерите и институциите на Косово дека Америка и нејзините сојузници нема да го спречат усвојувањето на овој суд од страна на ОН.

Косовските институции и покрај барањето на ЕУ и САД, но и другите меѓународни организации да го формираат Специјалниот суд кои треба да им суди на оние кои направиле злодела на Косово за време на војната, сè уште го немаат усвоено основањето на судот. /крај/мф/мн

 

Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax