САД ги предупреди Американците да бидат внимателни во Европа за време на празниците

0
156

САД ги повикаа своите граѓани да бидат внимателни заради зголемена терористичка закана за време на празниците кон крајот на годината.

Препораката ќе биде во сила до 31 јануари 2018 година, нагласи Стејт департментот.

Во предупредувањето се вели дека минатата година на божиќен пазар во Берлин терорист со камион прегази и уби 12 луѓе, а во новогодишната ноќ напаѓач застрела 39 луѓе во дискотека во Истанбул.

Стејт департментот ги предупреди американските граѓани да внимаваат кога посетуваат јавни места или туристички дестинации за време на престојот во Европа.