САД ги предупреди своите граѓани за опасност од тероризам во Европа за празниците

0
151

Американскиот Стејт департмент издаде предупредување за патници Американци за „зголемениот ризик од напади низ Европа, особено во празничните денови“, соопштува радио Voice of America. Во изјавата властите велат дека американските граѓани треба да се претпазливи на празничните фестивали, настани и собири на отворено.
„Американските граѓани треба уште да бидат внимателни за веројатноста симпатизери на екстремизмот или радикализирани екстремисти да извршат напади во текот на овој (празничен) период со малку или без никакво предупредување. Терористите можат да користат широк спектар на тактики, користејќи како конвенционални и неконвенционални оружја насочени како кон официјални, така и кон приватни интереси“, се вели во предупредувањето, кое истекува на 20 февруари 2017 година.