САД го повлекува антиракетниот систем „Патриот“ од Турција

0
196

САД во октомври ќе го повлече противракетниот систем „Патриот“ од Турција поставен како поддршка на турската воздушна одбрана поради опасностите од судирите во соседна Сирија, соопштија турските и американските власти.

– Мандатот на мисијата на НАТО истекува во октомври и нема да биде објавен, но САД се подготвени да го вратат „Патриот“ и персоналот во Турција во рок од една седмица, ако за тоа има потреба, се наведува во заедничкото соопштение.

Во соопштенито се посочува и дека Вашингтон и понатаму „ја поддржува воздушната одбрана на Турција, вклучително и таа против балистичките проектили, како и безбедноста и регионалната стабилност“.

Одлуката за повлекување на антиракетниот систем „Патриот“ откако речиси пред еден месец  Анкара им дозволи на коалициските сили предводени од САД користење на воената база Инџирлик. Договорот за користење на Инџирлик се однесува на борба против Исламска држава, а не вклучува воздушна поддршка на курдските борци во севернио дел на Сирија.

Без коментари

LEAVE A REPLY