САД го совладаа светскиот првак

0
145

Фудбалската репрезентација на САД, во пријателски меч кој се одигра во Келн, славеше со 2-1 над селекцијата на Германија.

Марио Геце со голот во 12.минута го отвори резултатот, а до крајот на првото полувреме Дискеруд израмни на 1-1, за во 87.минута Вуд да го постави конечниот резултат.

Репрезентацијата која ја предводи поранешниот селектор на Германија, Јирген Клинсман, ја забележа втората победа во дуелите со светскиот првак, во 2013 во Вашингтон, САД славеа со 4-3.