САД и ЕУ ги укинаа санкциите кон Иран

0
291

Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) во саботата даде зелено светло за стапувањето во сила на историскиот нуклеарен договор меѓу Иран и големите сили, истакнувајќи дека Техеран ги исполнил своите обврски за укинување на меѓународните санкции.

Иран ги заврши подготвителните фази неопходни за покренување на договорот склучен на 14 јули 2015 година“, рече генералниот секретар на агенцијата на Обединетите нации, Јукија Амано, во соопштението објавено во Виена, каде што на финалните разговори се собраа министрите за надворешни работи на Иран, ЕУ и САД.

„Ова е важен ден за меѓународната заедница“, рече Амано во Виена.

Санкциите содржеа ембарго на извозот на нафта од Иран, клучна државна индустрија, како и на финансиските трансакции со Иран.

„Денеска е добар ден за народот на Иран“, изјави министерот за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф за иранските медиуми во Виена.