САД и Јапонија бараат состанок на СБ на ОН за Северна Кореа

0
235

Соединетите држави и Јапонија побараа итен состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации по најновата ракетна проба на Северна Кореа, соопштија дипломатски извори во ОН. Според нив, состанокот би требало да се одржи утре. Северна Кореа вчера лансира балистичка ракета која достигна невообичаено голема височина пред да падне во Јапонско Море, соопштија воени претставници на Јужна Кореа, Јапонија и САД. Со поранешните резолуции на ОН на Северна Кореа и е наложено да ги прекине нуклеарните активности и програмата за производство балистички ракети.