САД и Куба и официјално со дипломатски односи

0
372

Соединетите држави и Куба со денешното официјално отворање на нивните амбасади во Вашингтон и во Хавана му ставија крај на прекинот на дипломатските односи кој траеше 54 години. По денешната церемонија на подигање на знамето на Куба на амбасадата во Вашингтон иста церемонија во август ќе се одржи и во Хавана.

Денешниот настан во Вашингтон е главно симболичен, но има и значајна важност со оглед на тоа што за прв пат од Кубанската револуција во 1959 година во Соединетите држави ќе престојува еден министер за надворешни работи на Куба.

Денешното отворање на американската амбасада во Хавана нема да биде проследено со церемонија на подигање на знамето. Таа е најавена за идниот месец.

Без коментари

LEAVE A REPLY