САД и понатаму ќе вршат активности за остварување на своите национални интереси

0
372

Американскиот претседател, Доналд Трамп, испратил писмо до Конгресот на САД, во кое го информира за ракетниот напад врз базата на сириските воздухопловни сили, и во кое се наведува дека САД ќе преземат дополнителни активности за остварување на националните интереси на земјата, соопшти денеска Белата куќа.

Во писмото Трамп ја објаснува својата одлука да го изврши нападот врз воздухопловната база Шајрат во Сирија, тврдејќи дека дејствувал за да се избегне „хуманитарна катастрофа“.

„Американските разузнавачки информации укажуваат дека сириските воени сили што дејствуваат од овој аеродром се одговорни за нападот со хемиско оружје врз сириските цивили во јужниот дел на провинцијата Идлиб, Сирија, кој се случи на 4 април“, пишува Трамп во писмото.

„Јас ја наредив оваа акција за да ја намалам способноста на сириската војска да врши понатамошни напади со хемиско оружје и да го одвратам сирискиот режим од користење или зголемување на хемиското оружје, а со тоа промовирав стабилност во регионот и спречување на влошувањето на тековната хуманитарна катастрофа во регионот“.