САД и Русија ги започна разговорите за сирискиот воздушен простор

0
340

Русија и САД се подготвени уште овој викенд да ги почнат разговорите за безбедноста на своите пилот коишто учествуваат во воените операции над Сирија, изјави портпаролот Пентагон, а неговиот руски колега во саботата изјави дека руското министерство го изготвило нацртот за заедничкиот документ за активностите во сирискиот воздушен простор и го испратило во Вашингтон.
„Министерството за одбрана на Русија го подготви проектот за заедничкиот документ за мерките за спречување можни инциденти во воздушниот простор на Сирија меѓу воените авиони на Русија и на коалицијата предводена од САД“, изјави портпаролот на руското министерство за одбрана генерал-мајорот Игор Конашенков.

Истакнал дека проектот „веднаш беше испратен по воспоставените канали за комуникација со американската страна“.

„Нашите експерти се подготвени да го разгледаат тој документ со претставниците на Пентагон. Денеска очекуваме официјална потврда од американската страна за тоа кога ќе се одржат следните консултации преку видео-конференција“ додаде рускиот портпарол пренесе агенцијата РИА.

„Американското министерство за одбрана го прими официјалниот одговор од руското министерство за одбрана на предлогот како да се гарантира безбедноста на воздушните операции во Сирија. Пентагон го разгледува одговорот и преговорите би можеле да започната веќе викендов“, изјави портпаролот на Пентагон Питер Кук, пренесува AFP.

Вашингтон, кој веќе една година ја предводи меѓународната коалиција во воздушните удари против Исламската држава во Сирија без согласност или координација со владата во Дамакс се спротиставува на таквата руска активност во поддршка на сирискиот претседател Башар ал-Асад, но бара да се договорат механизми за безбедноста во воздушниот простор над Сирија.

Тоа прашање стана актуелно откако Русија од 30-ти септември влезе во сирискиот судир против Исламската држава. Следниот дена американските функционери разговараа со руските колеги за тоа како да се избегнат инциденти меѓу авијациите на двете земји.

Некои од прашањата кои треба да се договорат се радио фреквенциите со коишто се користат авионите за комуникација „во случај на несреќа“, како и јазикот на кој ќе се комуницира. Американците со изразот „deconfliction“ го означуваат типот комуникациите во кои две страни разменуваат информации за да се избегнат несреќи меѓу авионите ки учествуваат во операции на ист простор