САД ја добија првата жена кандидат за претседател

0
314

Хилари Клинтон влезе во историјата со тоа што стана прва жена претседатлски кандидат во САД, момент за кој Демократите се надеваат дека ќе ја обедини нивната партија во трката до Белата куќа. Во исто време, во Соединетите држави се зголемуваат сомневањата дека во овие претседателски избори се мешала и Русија.

На конвенцијата на американската Демократска партија и официјално Хилари Клинтон е номинирана за претседателски кандидат.

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон ги повика демократите и американската јавност да гласаат за неговата сопруга Хилари во ноември, велејќи дека таа ќе направи САД да бидат посилна и подобра држава.

Во гласањето Хилари доби 2383 гласа од над 4700 делегати на конвенцијата која се одржува во Филаделфија.