САД ја повикаа Русија да го затвори конзулатот во Сан Франциско

0
206

САД бараат од Русија да го затвори својот конзулат во Сан Франциско, како и две анекс згради во Вашингтон и Њујорк, соопшти денеска Стејт департментот на САД како одговор на одлуката на Кремљ да ја намали американската дипломатска мисија во Русија.

Русија минатиот месец нареди САД да го намалат дипломатскиот и техничкиот персонал во Русија за повеќе од половина, на 455 луѓе, откако Конгресот со големо мнозинство ги одобри новите санкции против Русија.

„Веруваме дека оваа окација беше неоправдана и штетна за вкупните односи меѓу двете земји“, изјави портпаролката на Стејт департментот Хедер Науерт.

„Во духот на паритет на кој се повикуваат Русите, бараме руската Влада да го затвори генералниот конзулат во Сан Франциско, анекс кабинетот во Вашингтон и конзуралниот анекс во Њујорк“, рече Наурет додавајќи дека затворањата мора да бидат завршени до 2 септември.

Без коментари