САД ја шпионирале Владата на Јапонија и домашни компании

0
191

САД шпионирале вработени во владата на Јапонија, банките и различни компании, вклучувајќи и го конгломератот “Мицубиши”, покажуваат новите документи објавени од “Викиликс”.

Документите откриваат дека Агенцијата за национална безбедност (НСА) на САД редовно прислушувала 35 телефонски броеви, а надзорот е продолжен во изминатите осум години.

Во последниве месеци “Викиликс” објави документи кои покажуваат дека САД редовно шпионирале бизнис и политички лидери во Германија, Франција и Бразил, кои исто како Јапонија се блиски сојузници на САД.

За моментов нема официјален коментар од јапонска страна, пренесе Би-Би-Си.

Во својата изјава “Викиликс”, вели дека последните откритија ја “покажале длабочината на набљудувањето на САД над јапонската влада”.

Документите со натпис “Топ Сикрет” покажуваат дека САД имале пристап до разговори во јапонските државни министерства и служби.

САД биле свесни за внатрешни дискусии во јапонската влада по прашања како трговски преговори, политиката на климатските промени, нуклеарната и енергетската политика – како и содржината на доверлива средба во живеалиштето на премиерот Шинзо Абе.

САД исто така следеле вработени на Банката на Јапонија, вклучувајќи го гувернерот на банката Харухико Курода, како и вработените во одделенијата за истражување на фосилни горива на јапонските компании “Мицубиши” и “Мацуи”.

Според “Викиликс”, НСА ја споделиле информации со Австралија, Канада, Велика Британија и Нов Зеланд.