САД му продаваат на Катар борбени авиони во вредност од 12 милијарди долари

0
397

Министерот за одбрана на САД Џејмс Матис и неговиот катарски колега Халид ел Атија потпишаа договор вреден 12 милијарди долари за продажба на американски борбени авиони Ф-15 на Катар, соопшти Пентагон.

Договорот е потпишан во екот на кризата во Персискиот Залив, откако соседите на Катар ја обвинија земјата дека поддржува тероризам па ги прекинаа дипломатските односи со неа.

Пентагон во соопштението наведува дека Катар, со договорот вреден 12 милијарди долари, ќе ја „добие најсовремената техонолгија“ и дека „ќе се зајакне безбедносната соработка меѓу САД и Катар“, пренесуваат агенциите.

Матис и Атија разговарале и за прашањата кои претставуваат предмет на загриженост за двете земји, вклучувајќи ги Исламска држава и „важноста од деескалација на тензиите за сите партнери во Заливот да можат да се фокусираат на следните чекори кон исполнување на заедничките цели“.

Пентагон не соопшти детали за продажбата на авионите, но Блумберг јавува дека станува збор за 36 авиони Ф-15.