САД по грешка уништи болница во Авганистан, убиени и исчезнати лекари

0
211

Девет лица загинаа, 37 се повредени, а над 30 лекари и медицински сестри се водат за исчезнати откако САД по грешка бомбардираше болница во Авганистан.

Во американските воздушни напади во градот Кундуз, наместо позициите на Талибанците, по грешка беше уништена единствената фунцкионална болница.

Од бомбардирањето се погодени сала за операции, ургентното одделение и други делови на болницата.
Пентагон ја презеде одговорноста за погрешниот напад и се извини.