САД подготвени да употребат сила против Северна Кореја

0
384

САД соопштија дека доколку мораат ќе употребат значајна воена сила против Северна Кореја, по лансирањето на ракетата со долг дострел во вторникот.

Американската амбасадорка во ОН Ники Хејли на вонредната седница на Советот за безбедност рече дека исто така ќе биде поднесена и нова резолуција за Пјонгјанг во ОН.

Таа ова тестирање од вторникот го опиша како остра воена ескалација и се закани дека ќе бидат воведени и трговски санкции.