САД повлекуваат свои дипломати од Куба по звучните напади

0
252

САД ги повлекуваат семејствата на вработениот персонал во Куба, откако се случија низа мистериозни звучни напади врз американски дипломати.

Американската амбасада  ќе продолжи да работи со намален персонал. Според изворите, САД ќе престанат да издаваат визи во Куба.

Одлуката доаѓа откако беше направена проценка на безбедноста на дипломатите во Хавана. Владата во Куба одрекува било каква поврзаност со нападите.

Во вторникот, американскиот сектретар Рекс Тилерсон имаше средба со кубанскиот министер за надворешни работи, Бруно Родригез, кој одрекува дека Куба има поврзаност со нападите врз дипломатите и вели дека САД ги политизираат инцидентите. Тој рече дека неговата влада ќе продолжи да работи заедно со американските власти за да се истражат нападите.

Најмалку 21 дипломати и членови на семејствата имаат претрпено влијание на инцидентите кои запонаа во ноември и им нанесоа низа последици, како што се губење на слухот, зашеметување и губење на свест.

Американските службеници велат дека можеби имало до 50 напади, а последниот бил во август. Некои од жртвите имаат долготрајни симптоми, а најмалку еден го има трајно изгубено слухот.

http://novatv.mk

Без коментари