САД предупредуваат на можни атентати во Истанбул и Анталија

0
306

САД ги предупредија во саботата своите државјани на опасноста од можни терористички напади врз туристите во турскиот мегалополис Истанбул и во големиот туристички центар Анталија, во земјата во којашто последните девет месеци се изведени серија смртоносни напади со стотици жртви.

Во пораката на американската амбасада во Анкара, се информираат американските државјани дека постои закана од напади врз туристичките области, особено врз јавните простори и на брегот во Истанбул и во Анталија, две големи туристички дестинации кои се посетувани од милиони домашни и странски гости.

„Ве молиме да бидете крајно претпазливи доколку се најдете во близината на тие области“, се додава во пораката на американската амбасада.

Претходно во петокот вечерта слична порака на своите државјани им упати и владата на Израел, повикувајќи ги оние коишто веќе се во Турција најбрзо што можат да ја напуштат оваа земја поради „непосредна опасност“ од напади во туристичките центри.

Пред точно три седмици, бомбаш самоубиец се разнесе во центарот на Истанбул и уби четири странски туристи, од кои тројца беа Израелци, а еден Иранец. Претходно во јануари 12 туристи, претежно германски, загинаа во Истанбул во сличен самоубиствен бомбашки напад, а за двата турските власти ја обвинија екстремната сунитска организација Исламска држава.

Турските коментатори предупредуваат дека комбинираниот ефект од терористичките напади, војната во соседна Сирија и остриот дипломатски според со Русија, само од чии туристи минатата година инкасираше 4 милијади долари, може да има разурнувачки ефект врз витално важниот за Турција туристички сектор./крај/мф/сн

Без коментари

LEAVE A REPLY