САД предупредуваат на терористички напади во Европа

0
346

Стејт департментот ги предупреди американските државјани на опасност од терористички напади во Европа во текот на летото. Притоа се наведува дека цел би можело да бидат Европското првенство во фудбал, туристичлките знаменитости, рестораните, трговските центри и јавниот превоз. Вашингтон посебно изразува грижа за Европското првенство во фудбал што од 10 јуни до 10 јули ќе се одржи во Франција. Домаќините очекуваат дека за тоа време Франција ќе ја посетат милион туристи.