САД префрлија затвореник од Гванатанамо во Црна Гора

0
216

Јеменец, кој минал 14 години во воениот затвор во американската база „Гвантанамо“, е префрлен во Црна Гора, соопшти Пентагон.

По трансферот на Абдел Малик Ахмед Абдел Вахаба ал-Рахаби во Црна Гора, во затворот во американската поморска база на Куба останаа уште 79 затвореници, наведува Пентагон во соопштението.

Според документите на Пентагон, Ал-Рахаби (37) е префрлен во Гвантанамо во јануари 2002 година, откако е обвинет дека бил телохранител на Осама бин Ладен, убиениот лидер на Ал Каеда.

Американската комисија за разгледување на казните во декември 2014 година утврди дека ал-Рахаби не претставува значајна закана за САД и препорача негов трансфер, се вели во соопштението на Пенталог.

– САД и се благодарни на Владата на Црна Гора поради нејзиниот хуманитарен гест и подготвеноста да ги поддржи американските напори за затворање на притворската единица „Гвантанамо Бај“, соопшти Пентагон.