САД превентивно ќе удрат на Северна Кореја?

0
537

САД подготвуваат превентивен удар против Северна Кореја, доколку биде потврдено дека земјата се подготвува да изврши нов нуклеарен обид. Ова го соопшти американската телевизија Ен-Би-Си, повикувајќи се на вработени од разузнавањето.

Од Пентагон сепак одбиваат коментар.

Американски воени бродови, вооружени со ракети „Томахавк“ пловат крај брегот на Северна Кореја.

Сателитски снимки покажаа во средата дека нуклеарниот полигон на Северна Кореја е подготвен за нов тест.