САД распоредуваат 300 војници во Камерун поради Боко Харам

0
602

Американскиот претседател Барка Обама најави дека наскоро ќе бидат распоредени 300 американски војници во Камерун, за разузнавачки операции, надзор и воздушно извидување во оваа африканска земја, во рамките на борбата против исламистичкото движење Боко Харам.

Во пораката испратена до челниците на двата дома на американскиот Конгрес, која ја објави во средата навечер по средноевропско време Белата куќа, претседателот Барак Обама рекол дека во понеделникот започнало распоредувањето на 90 американски војници и оти наскоро ќе ги има 300.

Ова операција е покрената во договор со владата на Камерун, прецизира американската извршна власт. Неименуван висок американски функционер потврдил за AFP дека станува збор за операција во рамките на борбата против нигериското исламистичко движење Боко Харам, кое врши напади и во соседните земји.

Овие американски сили ќе останат во Камерун сé додека нивната поддршка повеќе нема да биде потребна, се истакнува во пораката на Обама.

Во Камерун од јули повеќе од 100 луѓе се убиени во напади за кои одговорноста ја презема Боко Харам. Четирите земи покрај езерото Чад – Ниерија, Камерун, Нигер и Чад, како и државата Бенин, создадоа Интервентни мултинационални сили чие седиште е во Н’џамена во Чад кои треба да бројат десет илјади војници и полицајци, но им недостигаат финансии да станат вистински оперативни./крај/мф/сн