САД: Во два напада на ајкула две деца останаa без раце

0
130

Двајца помлади тинејџери ги загубија рацете во напади на ајкула на иста плажа во сојузната американска држава Северна Каролина, предупредуваат американските медиуми.

Станува збор за 12-годишно девојче и 16-годишно момче, кои биле нападната во попладневните часови во неделата на плажата во Оак Ајленд.

На девојчето му е ампутирана подлактицата, а докторите стравуваат дека може да остане и без нога, додека на момчето му е ампутирана целата рака.

Нападите се одиграле на меѓусебна оддалеченост од три километра, и интервал од час и половина.

Градоначалничката Оак Ајленд, Бети Волас вели дека девојченцето го спасил маж кој ги слушнал нејзините крици и допливал до неа. Жителите за локалните медиуми велат дека во областа нападите од морски кучиња се многу ретки.