САД врз Авганистан ја фрлија најголемата ненуклеарна бомба што ја имаат

0
1032

Соединетите Американски Држави ја фрлија најголемата ненукларна бомба со која располагаат врз дел од источен Авганистан, кој е густо населен со милитанти на Исламска држава, јавува Индипендент.

Пентагон потври дека во нападот е употребена 9.500 килограми тешката бомба, која американската воена авијација ја нарекува „мајка на сите бомби“.

Портпаролот на Пентагон изјави дека авион МЦ-130 ја фрлил бомбата ГБУ-43 во 19 часот по локално време.

Си-ен-ен објави дека бомбата е фрлена врз тунели на милитантите на ИСИС во областа Арчин, во Нангахар.

Пензионираниот воен функционер Рик Франкона за Си-ен-ен изјави дека експлозијата на „мајката на сите бомби“ личела на нуклеарен напад на сите кои живеат во таа област.

Ова е првпат оваа бомба да биде употребена во борба, а нејзното фрлање го одобрил американскиот генерал Џон Николсон.

Безбедносната ситуација во Авганистан и понатаму е неизвесна. Бројни милитантни групи се борат за територија по повеќе од 15 години од американската инвазија со која беше симната од власт талибанската влада.

Генералот Николсон, командант на американските и меѓународните сили во Авганистан, истакна дека бомбата е фрлена врз мрежа од пештери и бункери во кои се кријат милитантите на Исламска држава во Авганистан. Не се знае колкава штета предизвикала.

Портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер своето дневно обраќање за актуелните вести денес го почна со информации за невообичаеното оружје, и кажа дека САД „гаѓале системи од тунели и пештери кои на борците на ИСИС им овозможуваат слободно да се движат, и им олеснуваат да ги напаѓаат американските воени инструктори и авганистанската војска во тој регион“.

www.mkd.mk