Садам Хусеин беше одличен во ликвидирањето терористи

0
225

Републиканскиот кандидат за иден претседател на САД, Доналд Трамп, во својот говор во вторникот рече дека ликвидираниот ирачки диктатор Садам Хусеин бил „одличен“ во ликвидирањето на терористите, што веднаш предизвика реакција од таборот на неговата демократска противкандидатка Хилари Клинтон.

САД не требаше да го дестабилизираат Ирак, кој тринаесет години по американската инвазија станал „дувло на Исламската држава“, изјави Трамп.

„Садам Хусеин беше лош тип, навистина лош. Но знаете што е доброто што го сторил: Убиваше терористи. Тоа одлично го правеше“, рече Трамп пред своите приврзаници во вторникот навечер во Роли, во Северна Каролина.

„Не им беа читани нивните права. Не се разговараше. Тоа беа терористи. Требаше да бидат докрајчени“, реле Трамп.

Републиканскиот кандидат притоа изрази жалење што поради таквите политики Ирак станал „Харвард на тероризмот“.

Тимот на Хилари Клинтон веднаш ги осуди неговите изјави оценувајќи дека тие претставуваат „поддршка за диктаторите“ кој беше соборен во 2003 година и потоа обесен во процесот за злосторство против населението, во прв ред за масакр над околу 150 шиити де децении претходно.

„Режимот на Садам Хусеин всушност беше поддршка за тероризмот“, изјави во соопштение Џејк Саливен, советникот на Хилари Клинтон./крај/мф/сн