Сакаат да се воено моќни како САД

0
305

Целта на Северна Кореја е постигнување „еднаквост“ во воената сила со САД, соопшти севернокорејската национална новинска агенција, ден после тестирањето на балистичката ракета со среден домет “hvasong – 12”.

„Наша крајна цел е да воспоставиме еднаквост на реалната сила со САД и да направиме лидерите на САД да не се осудат да зборуваат за воена интервенција против Северна Кореја“, рекол лидерот на таа земја Ким Џонг Ун.