Сакал да гази луѓе пред џамија во Париз

0
424

Еден човек е уапсен во предградие на Париз откако се обидел со својот џип да удри толпа пред џамија. Не успеал да ги помине бариерите за заштита на џамијата и никој не е повреден. Возачот почнал да бега, но брзо бил уапсен од безбедносните сили во неговиот дом. Мотивите на осомничениот не се јасни, но весникот Паризиен известува дека е од ерменско потекло и дека сакал да се одмазди за исламистичките напади во Париз изведени од приврзаници на Исламска Држава. Според обвинителството, не изгледало како да дејствува под влијание на дроги или алкохол.

Без коментари