Сакал да извади дозвола за оружје, направил фалсификат

0
511

Прилепската полиција поднесе кривична пријава против Т.З.(43) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело фалсификување исправа и против С.М.(42) од село Лисичани-Пласница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело употреба на исправа со невистинита содржина.

Т.З. по барање на С.М. на 20 јули 2012 година, изготвил фалсификувано уверение за положен стручен испит за проверка на техничкото знаење за правилна употреба на оружјето и познавањето на прописите од оружјето со намера истото да биде употребено во постапка пред надлежен орган за добивање на дозвола за оружје кое второ пријавениот заедно со друга потребна документација го приложил во постапката за издавање на дозвола.

Без коментари

LEAVE A REPLY