Сакал да се фрли од зграда во Скопје

0
334

42 годишен маж во строгиот центар на Скопје се заканувал дека ќе се самоубие.

Качен на зградата кај „Мекици од Стража“  на улицита „Македонија“ тој извикувал дека ќе се фрли од скелето.

Полицијата потврди дека во 12:30 часот примиле повик за интервенција и дека по пристигнувањето усепале да го извлечат скопјанецот.

По полициската акција 42 годишниот маж кој бил пијан е однесен на Клиниката за токсикологија, информираа од СВР-Скопје.

Очевидците на настанот велат дека мажот сакал да се фрли од скелето кое се користи за реновирање на зградата дека цело време извикувал дека не му била исплатена социјалната помош и дека тој е дете од дом, и дека има семејство кое не може да го издржува.

Тој бил приметен од работниците кои ја реновираат фасадата на зградата и од нивна страна бил спречуван во неговите обиди.