Сакам да бидам учителка?

0
538

Што значи професијата просветен работник? Колку истата претставува благородна и хумана работа? Колку е тешко да се работи со деца? Дали само авторитетниот наставник е достоен за почит? Поранешни учители се сеќаваат на своите наставници и учители и откриваат што тогаш значеше да се биде учител, во времето кога во Битола функционираше Учителската Школа

-Учителската школа даваше учители со средно образование, меѓутоа беше со неверојатно квалитетен состав на наставен кадар и од нас како ученици се бараше многу , и таа работеше до 1964 година. Тие ликови во нашите души и срца останаа до ден денеска со несмален интезитет, нивните позитивни особини беа најдобар патоказ за нас во животот. Станавме она што сме денес, некои професори, некои научни работници, но сепак тие се светол лик за нас и покрај тоа што поминаа пет и пол децении од нашето завршување, сеуште тој сјај свети и не избледнал, изјави Ѓорѓи

Додаваат дека професијата наставник била благородна и хумана работа, која бара целосна посветеност, енергија, љубов и креативност. Да се работи со деца е лесно, но за оние просветни работници кои знаат да го почитуваат детето како личност, која во својот наставник ќе го пронајде грижливиот родител, ближниот.

-Порано професијата просветен работник се нарекуваше народни учители. Беше голема чест и гордост. Тогаш во учителската школа се бараа исклучиво со најсолиден успех од основно училиште, во прва и втора години критериумите беа доста строги, така што само најдобрите остануваа во трета и четврта година , и тој кадар кој што ќе останеше се знаеше дека во иднина ќе бидат солидни просветни работници, додаде Ѓорѓи Лазаревски

-Кога јас бев учител наставникот имаше силен авторитет, изјави Добре Тодоровски писател

Од кажаното си го поставуваме прашањето Дали сега Македонија ги загуби авторитетните учители и професори? Дали ние или пак нашите деца по поминати пет и пол децении ќе се сеќаваме на нашите учители и наставници како Светли ликови во нашиот живот? Каков е статусот на професијата просветен работник во нашето општество? Дали сеуште постојат дечиња кои што од најмала возраст на прашањето Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?, ќе одговорат со „Сакам да бидам учителка/учител?