Сакаме политичка волја место политички игри

0
249

Локалните лидери на земјите од Западен Балкан треба да направат поголеми напори за да продолжат со напредокот кон ЕУ и, наместо политички игри, да покажат политичка волја и вистински реформи,бидејќи проширување на Европската унија, со сите услови и критериуми, е најдобрата безбедносна политика што ЕУ ја имала досега, изјавил еврокомесарот Јоханес Хан на предавање на Универзитетот Принстон во САД.Хан притоа оценил дека реформите наместо на хартија, мора да се завршат на терен , особено во областа на владеењето на правото, на конкурентноста и на конективноста.

Потсетувајќи дека мнозинството Срби се уште веруваат дека Русија е најголем инвеститор во нивната земја , иако Австрија инвестира четирипати повеќе, тој заклучил дека оваа заблуда го покажува најдобро проблемет на Унијата.

Според него Европа треба да понесе повеќе од товарот место да чека на Вашингтон да ја заврши работата, бидејќи миграциската криза покажала дека Западниот Балкан веќе е „енклава“ внатре во ЕУ. Според негова оценка, одлуката на ЕУ лидерите да потврдат неодамна дека за регионот е отворено членството, сепак не е мал чекор во време на ваков замор од проширувањето. „Кога ќе оставите некаде вакуум, ќе се најде друг да го пополни“, предупредил Хан асоцирајќи на Русија, со додавка дека да не беа членки на Унијата прашање е каде ќе беа денес Полска и Балтичките земји. крај/мф