Салах Абдеслам го издале голема нарачка на пици и отпечаток од прст на чаша

0
543

Отпечаток од прст на чаша и невообичаено голема нарачка на пици довеле до апсењето на Салах Абдеслам, најбараниот терорист во Европа, пишува Политико.

Белгиската и француската полиција мислеле дека куќата во преградието на Брисел во која се криеле терористите е празна сѐ додека во нив од калашњиков не припукал Белкади Мохамед. Четворица полицајци биле ранети, а тој бил убиен на место. Покрај телото биле најдени знаме на ИСИС, пушка и салафистичка литература.

Тогаш двајца мажи кои биле со него во куќата избегале преку покривите на соседните објекти.

Според безбедносни извори, отпечатокот од прст на Абдеслам ги уверил дека тој сѐ уште се крие во Брисел. Истрагата полицијата ја одвела до бриселскиот кварт Моленбек и куќата во која во моментот на апсењето се наоѓал Абдеслам.

 Кога полицијата влегла во куќата таму го нашле Абдеслам со двајца пријатели со мали деца како пие чај. Полицијата го застрелала терористот во нога, а биле приведени и тројца членови на неговото семејство кои го криеле.

Неговиот фалсификуван пасош и белгиската лична карта биле најдени по престрелката во бриселскиот кварт Форесте, па затоа се претпоставува дека бил еден од двајцата кои бегале преку покривите, оставајќи зад себе калашњиков и муниција.

www.mkd.mk