Салах Абдеслам се уште е на слобода

0
234

Доцна синоќа заврши акцијата на белгиската полиција, при што се уапсени 16 лица.

Но не е уапсен Салах Абдеслам, кој е осомничен за терористичите напади во Париз, соопштија официјалните служби. Големата акција беше спроведена на повеќе локации а беа пребарани повеќе куќи во поширокиот дел на Брисел. Според портпаролот на белгиското јавно обвинителство, Ерик Ван Дер Сипт, во акцијата не е фатен Салах Абдеслам, а еден од приведените е повреден кога се обидел со возилото да прегази полицаец.

При акцијата не се пронајдени оружје и експлозив. Дер Сипт посочи дека истрагата продолжува.Според локалните медиуми,белгиските безбедносни сили вршеле специјална акција во центарот на Брисел, каде бил затворен и еден хотел, наводно, заради терористички закани.

Без коментари

LEAVE A REPLY