Самарџиски: „Денес ќе има ќотек со Пачулија!„

0
832

Најтешките денови за нашата репрезентација се последните три дена во првата фаза на турнирот. Три меча за два и пол дена, обид за рекуперација, максимално штедење на силата и Дај Боже сите да се здрави. Тоа е секојдневието овие денови во Загреб. Репрезентативците во мислите веќе ја имаат само Грузија и мечот на турнирот за нив. „Противникот не е наивен, но ние сме решени да стигнеме до триумф и да го обезбедиме осминафиналето. Не смееме да имаме осцилации во играта како со Хрватска и со Грција. Неопходни се добри 40 минути за победа, а не само едно полувреме. Мислам дека таа лекција е научена и денес ќе бидеме оние вистинските„ истакна Војдан Стојановски. „Ќе биде борба со Пачулија. Можеби ќе биде и со пет лични грешки за мене, ќе има ќотек, мора да се издржи. Веќе сум играл против него и против Грузија. Не смееме да си дозволиме да калкулираме со поволната ситуација во која се наоѓаме. Победа за нас е единствената опција„ ни рече Предраг Сарамџиски меѓу мечевите со Хрватска и Грузија во 3 и 4 коло на Евробаскетот.

Без коментари

LEAVE A REPLY