Сами сте си виновни за атентатите!

0
289

Терористите од „Исламска држава“ преку видео се обратија до властите во Франција и Белгија.

Тие ги обвинуваат премиерите на Белгија, Шарл Мишел и на Франција, Мануел Валс како одговорни за нападите во Брисел и Париз, објавена белгиски медиуми.

Во видеозаписот Брахим Абдеслам кој се разнесе во ноември во Париз вели: „Тоа е подарок за францускиот претседател, Франсоа Оланд” и пука со автомат во ѕид.

Позадината каде е снимано видеото личи на  камповите на ИД во Сирија.

Прикажана е и невидена досега слика на Мохамед Белкаид.

Тој беше убиен од снајперист во март во квартот „Форест” во Брисел, четири дена пред атентатите во белгиската престолнина.