Само 16% од децата во Македонија одат во градинка

0
959

Само 16% од децата во Македонија одат во градинка. Установите полни, нема капацитет за повеќе деца . Вака вели статистиката за 2005 година . Во земјата имало вкупно 82 установи за згрижување и воспитание на деца, од кои 60 се државни. Најмногу има во Скопје, 18 установи, а во голем дел од градовите има само по една градинка или еден центар за ран детски развој. Дури 2.862 деца не биле примени поради пополнет капацитет. Во нашите две установи детски градинки вкупниот број на капацитет за 2015 година изнесувал 1420 односно 1290 , а поради пополнетиот капацитет 119 деца не биле примени.

Според извештајот на Државниот завод за статистика дознаваме дека во 2014/15 година, населението на возраст од 0 до 6+ години изнесува 184.587 деца. Од нив, 30.107 посетуваат установа за згрижување и воспитание на деца – детски градинки или центри за ран детски развој. Тоа е 16% од детското население.

Бројот на вкупното детско население се намалил во последните 10 години за приближно 30.000, а бројот на деца кои одат во детски градинки или центри за ран детски развој се зголемил за приближно 10.000 во тој период.

Потоа, речиси сите деца кои посетуваат установа за згрижување одат во установа од државна сопственост. Во 2015, од 32.660 деца, 31.874 посетувале установа во државна сопственост, а останатите 786 биле згрижени во приватна установа.

Најголем дел од нив, поточно 29.175 деца, престојуваат во овие установи од 9 до 11 часа.

Од овие 32.660 деца кои оделе во детска градинка или центар за детски развој во 2015, најголем број се деца на службеници (7.642), работници во услужни дејности и продажба (6.754) и техничари и сл. (4.163).

Кога станува збор за вработените во установите за згрижување и воспитание на деца, во 2015 имало вкупно 4.468, од кои 4.079 се жени.

4.295 од овие биле вработени во установа во државна сопственост, а 173 во установа во приватна сопственост.

На ниво на Пелагонија постојат 8 детски установи и центри за ран детски развој, распоредени во 26 објекти со 115 воспитни групи во кои што се згрижени 2693 деца.