Само поезијата може да го спаси светот со убавина

0
297

Само поезијата може да го спаси светот со убавина, беше насловот на музичко потескиот перформанс на Димитар Андоновски, Дамјан Цветановски и Андреј Цветановски.

– Во поезијата се крие генетскиот код на секој народ, генетиката на постоењето на една група луѓе кои живеат во еден простор. Навистина битен елемент во опстојувањето на еден народ, како и создавањето на национален идентитет.Поезијата е показ и доказ на зачувување на чувствата, емоциите како најсубјективните показатели за постоењето на еден народ. Затоа и се зафативме со темата на македонската поезија и се она што може да се издвои како столб носител во антологијата на македонската поезија, но да се погледне преку друг агол, друга визура и со тоа истите да добијат друг квалитет, поблизок до денешниот менталитет на младината, истакна Димитар Андоновски.

Овој проект овозможува нов начин на изведување на поезијата преку музиката на бескрајно талентираниот автор и композитор Димитар Андоновски кој со својата музика во последните две години ги збогатува претставите на репертоарите на театрите во Битола, Куманово, Велес.
Перформаност овозможува прозвучување на поезијата со младешка енергија на група актери предводени од младиот актер Дамјан Цветановски кои на овој начин се доближуваат до големите умови на македонската лирика.

 

Без коментари