Само во Пелистер се враќам по втор пат

0
2417

„ Само во Пелистер се враќам по втор пат, во ниту еден клуб тоа не сум го сторил, а тука доаѓам повторно со желба, љубов и емоција за да направиме Пелистер да биде како некогаш“ рече на прес конференцијата Касим Каменица новиот тренер на ракометниот клуб Пелистер.

Спортскиот директор на клубот Никола Пискачев претставувајќи го Каменица рече дека она што го рекле пред една година полека, но сигурно го реализираат за Пелистер да се врати на местото каде што припаѓал и припаѓа.